Српските граѓани со убедливо мнозинство сметаат дека односите меѓу Србија и Русија се одлични или многу добри, а дури четвртина од граѓаните сметаат дека Русија е најголем донатор на Србија, иако реално не е ниту меѓу првите десет најголеми донатори, се вели во соопштението на белградскиот Институтот за европски прашања и истражувачката куќа Нинамедија.
Најголем број српски граѓани, 87 проценти, веруваат дека Русија е пријател на Србија, два проценти имаат спротивно мислење, додека 11 отсто не го знаат одговорот на тоа прашање.
Бројот на испитаници кои сметаат дека Русија е пријател на Србија се намалува со зголемувањето на нивото на образованието, покажа истражувањето.
Четвртина од српските граѓани сметаат дека Русија е најголем донатор, исто колку што сметаат дека тоа е и Европската унија, 18,9 проценти сметаат дека Кина е најголем донатор, шест проценти Германија, 16,9 проценти не го знаат одговорот, додека другите одговори изнесуваат помалку од два проценти.
Comments are closed for this post.