Денеска до МАН стигна сознание за обвинителен акт против Александар Митовски, новинар – уредник на порталот Инфомакс.мк, кој објави изводи или дел од сведочења и пријава за кривично дело РЕКЕТ.
МАН изрично бара обвинителството веднаш да ја запре постапката по обвинителниот акт, бидејќи ова го сметаме за еден од најтешките и најбрутални притисоци врз новинарството извршено врз еден медиум од осамостојувањето на Македонија до денес.
Обвинителството не може да се крие позади квалификацијата “оддавање службена тајна” за наведеното сведочење. Текстот, кој е предмет на обвинителен предлог, е експлицитен пример за јавен интерес, кој се појави откако токму јавното обвинителство преку свои изјави криеше факти од постапката за РЕКЕТ, објавуваше лажни податоци дека во исказите не се споменуваат политичари од власта и слично.
Токму објавеното сведочење го демантираше Јавното обвинителство и постави прашање зошто ОЈО крие податоци и дава лажни вести.
Ако некој треба да одговара, истрага треба да се поведе против самото Јавно обвинителство кое ги криело податоците и давало лажни информации во јавноста, што е откриено откако е објавен текстот за кој сега го гони новинарот Митовски.
Го повикуваме Судот да се отфрли овој обвинителен предлог против новинарот Александар Митовски од Инфомакс и да го запре ова самоволие на Јавното обвинителство кое треба да одговара за сознанијата од објавениот новинарски текст.
Македонија е на врвот во ЕУ по црна статистика за слобода на медиумите. Во ЕУ, 23% од медиумите и новинарите се под директни cyдски зaкaни и политички притиcoк, во земјава просекот е фантастични 52%, благодарение на СЈО, а сега и на ОЈО.
За овој прогон известени се ИФЈ и ЕФЈ, а воедно и странските Амбасади во Македонија.
Comments are closed for this post.