Работните групи во врска со законот за Јавно обвинителство денеска одржаа куса средба на која не беше постигнат договор.
Како што посочија министерката за правда Рената Дескоска и пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу нив имаат суштински разлики во ставовите и дека ќе остават простор во партиите повторно да бидат разгледани сите точки со цел нивно усогласување.
Денешната средба на работните групи за законот за јавно обвинителство е прва по лидерската средба на Заев и Мицкоски која се одржа на почетокот на овој месец и од која не произлезе никакво решение.
Претседателот Стево Пендаровски денеска изјави дека работните групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ се многу блиску до договор за законот за јавно обвинителство ако има политичка волја.
Според Пендаровски, кој денеска е во посета на Штип, работата околу законот е исчистена и има уште две – три спорни прашања за кои двете партии имаат различно мислење.
Разликите за законот што се преостанати, вели Пендаровски, се толку мали што треба сите страни кои учествуваат да се надминат себе си и да најдат решение час поскоро во интерес на граѓаните.
Comments are closed for this post.