Со ребалансот на Буџетот којшто од денеска влегува во собраниска процедура предвидени се нови мерки за покачување на платите, за повеќе пари кај граѓаните и повисок животен стандард, соопшти денес СДСМ.
Во партиското соопштение се наведува:
„Ребалансот на буџетот обезбедува дополнителни 400 милиони денари за субвенционирање на придонеси за компаниите кои ќе ги покачат платите до 6.000 денари.
Дополнително се обезбедени 200 милиони денари за вработување со што се потврдува заложбата на Владата предводена од СДСМ да ја намали невработеноста која веќе е на историски најниски досега 17.5%.
Бројни економски параметри покажуваат дека имаме активна, конкурентна и силна економија која нуди еднакви шанси за сите.
Просечната нето плата годинава е повисока за 3.5 отсто.
Минималната плата порасна до 12.507 денари и е еднаква во сите стопански гранки, се разговара и за ново покачување.
Од септември годинава покачени се платите на сите вработени во јавната администрација за 5 отсто.
Доказ за успешноста на економските реформи на Владата предводена од СДСМ се официјалните податоци кои потврдуваат дека во првите два квартали од 2019 година имаме над 3 проценти раст на БДП.
Владата предводена од СДСМ останува посветена на унапредување на условите во економијата со цел да се обезбеди економски раст, повисоки плати, помали трошоци и повеќе пари за сите граѓани“.
буџетот ВЛЕГУВА ВО СОБРАНИСКА ПРОЦЕДУРА
СДСМ: Со ребалансот ќе се субвенционираат покачувања на платите
Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.