Бразилскиот наркобос, Андре де Оливиера Маседо, кој се смета за главен организатор за криумчарењето кокаин во Европа, е уапсен во една луксузна вила во Рио де Жанеиро. Маседо, познат и под прекарот Андре до Рап, се мета и за главен човек на злогласната мафија Ндрангета во Бразил.

Тој бил лоциран и уапсен во луксузна вила во Ангра дос Реис, летувалиште што е оддалечено 150 километри од Рио. Како што може да се види на снимката од апсењето, Маседо во вилата имал хеликоптер и луксузна јахта.


Трговијата на кокаин кон Европа, Маседо ја организирал преку најголемот пристаниште во Јужна Америка, Сантос, каде што пред два месеца беа уапсени двајца припадници на Ндрангета.

Бразилските медиуми потсетуваат дека заплената на кокаин во Бразил во првите шест месеци од годинава е удвоена во однос на истиот период лани и изнесува околу 25 тони.