Фатална несреќа се случи во Колумбија кога еден мал авион се урна во населено место југозападно од Попајан.

Приватниот авион, без да се знаат причините, се урнал врз домови кусо време по полетувањето од аеродромот во градот, при што загинале седум луѓе, а две повредени се во критична состојба.

Авионот бил многу оштетен, а исто и куќите врз кои паднал.

Десетина пожарникари се на местото на несреќата во обид да спречат поголема штета на околните куќи.