Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ денеска преку соопштение реагираше на грозоморен чин на убивање две бездомни кучиња во скопската населба Аеродром.
Ниту закони, ниту полиција која постапува и штити, ништо не функционира на дело, се е само празен збор на хартија – повторно фрапантен случај на насилство во Аеродром каде се убиени две мирни бездомни животни, миленици на жителите. Едното најдено мртво, другото испушти душа во најлоши маки на пат до ветеринарна станица каде го носеа и се обидуваа да го спасат „Daisy Family Rescue“. Тие и повикаа, пријавија во полиција – се наведува во соопштението.
Од „Анима мунди“ велат дека досега ништо не е сторено за похуман третман на животните и најавуваат протести доколку не се најде сторителот на ова дело.
Comments are closed for this post.