Уште еден во низата протести против загадувањето за време на саемот за автомобили во Франкфурт. Полицијата од овој град соошти дека околу 15 илјади луѓе, поголемиот дел од нив велосипедисти, учестувале на протестот.
Демонстрантите посебно се осврнаа на теренските возила како најголеми загадувачи за кои нема место во градовите. Носеа транспаренти на кои пишуваше „Забранете ги теренските возила“ и „Не можеме да ги замениме нашите бели дробови“.
Конзервативците на канцеларката Ангела Меркел и нивните коалициони партнери од Социјалдемократската партија разговараа вчера за пакетот мерки со кои, меѓу останатото, се предвидува значително зголемување на поддршката од обновливите извори на енергија до 2030 година.
Се очекува дека Владата овие мерки ќе ги соопшти на 20 септември.
Престанете со политиката која предност им дава на автомобилите во нашите градови. Пешаците и велосипедистите мораат да ги освојат урбаните области кои ни припаѓаат, рече Ернест Кристоф Столпер, заменик шеф на германската група „Пријатели на земјата“.
Демонстрантите апелираа германските производители на автомобили да го забрзаат преминот кон електрични и хидрогенски возила.
Германските авто-компании очекуваат во следните 10 години половина од нивните автомобили да бидат возила кои не испуштаат штетни гасови. Исто така, се очекува во следните три години компаниите да инвестираат околу 40 милијарди евра на истражувања.
Comments are closed for this post.