Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ги презеде предметите од Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
По преземањето, како што соопшти Обвинителството, предметите се доверени на јавните обвинители кои дотогаш постапувале по конкретните предмети се до определување на надлежно Јавно обвинителство и јавен обвинител кој ќе постапува во секој предмет.
Во Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите ќе продолжат да се спроведуваат досегашните безбедносни мерки и начинот на движење на предметите, доказните материјали и материјалите од прислушуваните разговори, а за контрола над спроведувањето на овие мерки задолжени се двајца јавни обвинители.
Comments are closed for this post.