Одлуката на Европската Централна Банка да ги намали каматните стапки до минус 0,5 отсто е тешко бреме за финансиско-кредитните организации и нивните клиенти, смета Кристијан Севинг, генерален директор на Дојче банк.

Долгорочно, негативните камати водат кон крах на финансискиот систем, пренесува Блумберг.

Од Дојче банк стравуваат дека каматите до минус 0,5 отсто само оваа година ќе им донесат стотина милиони евра загуба. Слична ситуација очекуваат и другите финансиски институции.

Заради ваквата политика ЕЦБ евроспа банка изгуби 23 милијарди евра од 2014 година, стои во оценката на рејтинг агенцијата „Скоп Рејтингс“.

За потсетување, Управниот совет на Европската централна банка вчера одржа состанок, на кој банката објави нов пакет мерки за стимулирање на економијата во еврозоната.