Групацијата „Ingka Group“, која е сопственик на повеќето продавници на ИКЕА, ќе се здобијат со 80% удел во седум романски фарми со ветерници од производителот на ветерни турбини „Вестас“ за 136 милиони евра, пренесе Ројтерс.

Уделот од 80% ја поддржува нашата цел да генерираме толку  обновлива енергија колку што трошиме, а нашата инвестиција се движи еден чекор подалеку кон исполнување на нашата цел за 2020 година“, рече извршниот директор на Инка Инвестиции, Кристер Матсон.

„Ingka Group“ веќе поседува и управува со 900.000 соларни панели на своите места и 534 ветерни турбини во 14 земји. Компанијата забележува дека договорот е потпишан, но сè уште чека регулаторно одобрување и ќе биде финализиран во октомври. Производителот „Вестас“, кој останува акционер во ветерните електрани, рече дека продажбата е во согласност со нејзината стратегија за партнерство со клиенти во развој на проекти и управување со средства.