Мешовита владина група предводена од министерот без ресор задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, одржа работни средби со општините Охрид и Струга за спроведување на препораките на УНЕСКО за заштита на природното и културното наследство во Охридскиот регион.
На средбите со градоначалниците Константин Георгиевски и Рамиз Мерко и општинските служби се разгледуваа работните верзии на Планот за управување со природно и културно наследство и Стратешка оценка на животната средина, два клучни процеси за долгорочна заштита на светското наследство.
За време на средбите се дебатираше околу критичните зони, режимите на заштита, како и временската рамка за усогласување на Планот и негово финално усвојување.
Comments are closed for this post.