Кристијан Даниелсон, генералниот директор за проширување во Европската комисија, одби да го коментира предлогот на новата претседателка на ЕК, поранешниот унгарски министер за правда да го води ресорот од 1 ноември.
Даниелсон, кој утрово ја отвори годишната конференција на Европската комисија „Денови на медиумите“ во Подгорица, не сакаше да го коментира предлогот Ласло Трочањи, поранешен министер за правда во владата на Виктор Орбан, да биде задолжен за земјите од Западниот Балкан во идниот состав на ЕК.
На прашање на МИА дали смета дека има конфликт на интереси во тоа предлогот на владата на Виктор Орбан, која му одобри азил на осудениот поранешен македонски премиер, да биде задолжен да ги надгледува судските реформи во земјата, Кристијан Даниелсон одговори „тоа е ваше лично видување“.
Ние не ги коментираме поединечните предлози за комесари. Погледнете го говорот на претседателката, таму се јасни задачите на идниот еврокомесар, кусо искоментира Даниелсон на заминување од конференцијата по неговиот говор.
Comments are closed for this post.