Променливо облачно време со локални врнежи од дожд ќе преовладува денеска во земјава. Наместа ќе има локална нестабилност со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер главно во западните и југозападните делови.
Утринската температура ќе се движи во интервал од 10 до 19, а дневната од 26 до 33 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи и ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе се движи од 17 до 31 степени.
Синоптичарите за утре најавуваат изолирана појава на краткотраен пороен дожд, а веќе од петок ќе биде стабилно и суво со умерен до засилен ветер од северен правец.
Comments are closed for this post.