Руската државна агенција за надзор над коминикациите „Роскомнадзор“ објави во неделата дека технолошките гиганти Фејсбук и Гугл дозволиле објавување на политички огласи во саботата и неделата со што го нарушиле изборниот молк за неделните регионлни избори и изборите во престолнината Москва.
„Ваквите постапки и активнисто може да се сметаат за мешање во суверените работи на Русија и попречување на одржувањето на демократски избори во Руската Федерација“, се наведува во соопштението кое го цитира агенцијата РИА.
Податоците за прекршувањата ќе бидат испратени до парламентарната комисија за истражувања на странски влијанија, соопштил портпаролот на комисијата Вадим Ампелонски.Додал дека автоматските алатки за рекламирање на Фејсбук и Гугл редовно се користат за политичка реклама во периодот кога во Русија на сила е изборниот молк.Годинава на денот на гласањето кое за сите временски зони треба да се одржи во еден календарски ден 8-ми септмеври, се одржуваа непосредните избори за челниците на 16 региони, за градоначалниците на Анадир, Новосибирск и Улан-Уде, дополнителни избори за седмиот состав на Државната дума во четири окрузи кои даваат еден мандат, како и за паралемнтот на главниот град Москва.
Comments are closed for this post.