Израелскиот премиер Бенџамин Нетанијаху за време на својата посета на Лондон го нарече британскиот колега „Борис Јелцин“ наместо Борис Џонсон.

Нетанијаху го помешал името на британскиот премиер на почетокот на состанокот во кабинетот. Говорејќи на состанокот во Лондон го нарекол британскиот премиер Борис Јелцин.

Јелцин, кој умре во 2007ма година, беше претседател на Русија во деведесеттите години од минатиот век.

Овој лапсус е ненамерна грешка на Нетанијаху, но заради телевизискиот пренос е главна тема во јавноста.