Секторот за внатрешни работи Тетово денеска поднесе кривична пријава против А.Б.(43) од тетовска Голема Речица и неговиот брат Л.Б.(40 ) од Тетово, поради
основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Тие се сомничат дека вчера во периодот од 9 до 9 часот и 30 минути, на Одделението за кожни болести во тетовската клиничка болница, физички го нападнале лекарот А.Е.( 45 ). А.Б. и Л.Б. се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Тетово – велат од МВР.
Во соопштението се додава дека во текот на денешниот ден, со соодветен поднесок, тие ќе бидат изведени пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.
Comments are closed for this post.