Јавното обвинителство го прифати барањето на Катица Јанева да ги преземе предметите од СЈО,  но Специјалното обвинителство се уште нема донесено одлука за предметите.

Неофицијално во СЈО има расположение предметите да му ги предадат на Љубомир Јовевски, но што доклку одлучат се премислат и решат да не ги даваат? Во изјава за ТВ 21 Јовевски вели:

„Тогаш ќе одлучиме и за тоа. Не можеме на претпоставени состојби да имаме став, како и овој пат секоја тешкотија ќе ја разрешуваме согласно прописите“, вели Јовевски.