Во државното јавно обвинителство, преку судија на претходна постапка, вчера пристигнало уште едно писмо од Катица Јанева со кое таа лично дава писмена согласност за редовното обвинителство да може да гони по предметите на СЈО.

Информацијата за новиот пристигнат допис од специјалната обвинителка за „360 Степени“ ја потврди државниот обвинител Љубомир Јовески.

„Вчера пред крајот на работното време, преку КПУ ‚Скопје’ и судија на претходна постапка од Кривичниот суд – Скопје, доставено е преку службено лице, писмено известување-согласност од Катица Јанева, во смисла на член 6 став 5 од Законот за СЈО“, вели обвинителот Јовески.

Тој вели дека веќе се работи  на техничките прашања за примопредавањето на предметите.