Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за ТВ Алфа истакна дека предвремените парламентарни избори во Македонија се неизбежни. Тој потврди дека во вторник ќе има лидерска средба за Законот за Јавно обвнителство.

-Постојат повеќе разлики кои што во моментов се актуелни помеѓу опозицијата и Владата. Една од разликите е во Законот за јавно обвнителство, но откако ретерираа, откако видоа дека тоа што го прифаќаат нема да им помогне во политичката пресметка и кадровската политика во редовите на опозицијата на овие кои што се наследници на некои минати времиња од некои минат режим, познат на овие простори во една претходна држава. Но истовремено на таа лидерска средбам на тие преговори јас ќе ја наметнам темата и сакам да разговараме за предвремени парламентарни избори . Нели блескаме, нели анкетите се добри, нели се е како што треба во државата, ајде да видиме дали навистина е така или можеби ова претставува уште еден блеф од страна на господинот Заев и СДСМ, а во насока на меѓупартиските редови кои што во овие моменти според нашите информации трпат голема штета и се сериозно раслоени, вели Мицкоски за Алфа.

Тој ја повика дека Владата  да го прифати договореното од петокот, наместо да врши притисок предметите да се прифатат од ОЈО.

-Маневарот можеби е очекуван за тие што се во процесите, но не на ваков начин, каде што притвореник пишува допис до оние на кои што е претпоставен, практично да наредува за предметите кои што ги работат без разлика дали се во судски процес, дали се во предистрага и истрага незаконска, предистрага и истрага направена после дадениот законски рок кога требале овие обвинители и помошници на притвореничката да ги отпочнат или да ги завршат, да ги предадат до ЈО. И тука се отвораат многу правни дилеми и многу недоследности. Тоа впрочем го коментираат експертите во текот на денешниот ден. Тоа го коментираат луѓето од фелата, адвокатите, обвинителите и судии, појасни Мицкоски.