Репрезентацијата на Србија го забележа вториот убедлив успех на Мундијалот, што се одржува во Кина, откако во денеска ги победија Филипините со 126:67 (28:13; 34:22; 37:13; 27:19) вомеч од групата „Д“.
Нашите северни соседи имаа некои потешкотии само во првите 4-5 минути од натпреварот, кога му дозволија на противникот да поведе – 9:7, но потоа пулените на Саша Ѓорѓевиќ презедоа целосна контрола врз настаните на теренот и за момент не оставија сомнеж дека се подобриот од двата тима.
Немања Бјелица беше најпрецизен за победниците – 20 поени, Богдан Богдановиќ и Мирослав Радулица додадоа 17 и 13 поени соодветно, а Марко Гудуриќ заврши со 12 поени.
Перез постигна 16 поени за Филипинците, а Далистан заврши со 15.
По денешниот успех, Србите го делат првото место во групата со италијанскиот тим, при што двата тима имаат две победи од два меча, додека селекцијата на Филипини е последна со два порази
Comments are closed for this post.