Денес претпладне успешно бил завршен првиот дел од трансферот на околу 1.500 бегалци од кампот Митилене до прифатилипштата во северна Грција.Надлежниот министер Џорџ Кумуцакос изјави дека станува збор за комлексна операција зашто станува збор за згрижување семејства и деца.
Операцијата почнала околу 04 часот изутрина во која учествувала грчката полиција и крајбрежната стража. Бегалците биле префрлени во солунското пристаниште со бродовите „Калдера виста“ и „Аква блу“. Од таму околу 1.000 бегалци се префрлени во кампот Нова Кавала во Кукуш, додека другите 500 во други објекти во северна Грција.
И додека во операцијата на префрлање бегалци од грчките острови, пред се од Лезбос каде ги има најмногу, во северна Грција, на островот Лезбос денес дошле нови бегалци. Нивната бројка не е голема, околу 125, но покажаува дека некаде бегалските брани попуштаат.
Најголемиот број бегалци или лица со нерегулиран престој доаѓаат од Турција. Таму состојбата е особено критична во Истанбул, каде според владата околу половина милион лица се со нерегулиран престој. Откако Анкара објави дека сите кои немаат решен статус и престој во земјата ќе бидат вратени во земјите од каде што дошле почна и новиот бегалски бран кон грчките острови. Во моментов на островите има околу 20.000 бегалци, а најтешка е состојбата во кампот Морија.
Операцијата која почнала утринава некои грчки медиуми ја опишаа како хаотична, а критики на сметка на владата беа упатени и од опозицијата.
Comments are closed for this post.