Освен граѓаните растот на цените на горивата ги загрижува и превозниците. Од Здружението на превозници, за ПресингТВ велат дека стануваат неконкурентни. Ако претходно цените на горивата во Македонија беа многу пониски , во однос на другите земји од регионот и Европа, во моментот состојбата не ветува добар бизнис. Претседателката на здружението Билјана Мутаровска вели дека она што го заштедиле во минатото, кога цените биле пониски, сега го трошат, а некои веќе работат и во минус, затоа што подолг период цените одат нагоре. Муратовска вели дека постојано иницираат и бараат од Владата да се воведат одредби во Законот за акциза за враќање на дел од средствата, но биле одбиени.
Неколку пати баравме од Владата, ама не одбија. Значи баравме да се враќа дел од акцизата за превоз на стока и патници, со цел да не се влијае врз зголемување на цената на транспортот. Но, од Владата ни кажаа дека не се во можност да ги исполнат нашите барања. Е сега на овој начин сме неконкурентни , односно сме во нерамноправна положба со превозниците од другите земји. Вкавата мерка ја има во земјите членки на ЕУ, дури и во Србија и Босна и Херцеговина го има тоа што ние го бараме, односно се враќа дел од акцизата, вели Билјана Муратовска, претседател на здружението на превозници „Макам-транс“.
Според Муратовска, високите цени на горивата ќе се одразуват на крајната цена на производите. Според неа би требало нешто да се презвеме, затоа што компаниите од транспортниот сектор ќе се затворат.
Инаку од февруари годинава до сега цената на горивата оди по нагорна линија. Нафтата е поскапа за 12 денари . Во февруари еден литар дизел рсе продаваше по 57 денари, а од денес ќе плаќаат 69 денари. Во истиот период покрај нафтата, поскапеа и бензините. Еуросупер БС 95, е покачен за 13,5 отсто или 9 денари. Во февруари за литар 95 возачите плаќаа 65.5 денари, а сега цената е 74.5 по литар. За 14,5 проценти има зголемување кај еуросупер БС 98. На 19 февруари литар бензин БС 98 чинеше 67 денари, а од денес чини 76,5 денари за литар.
Поскапување има и кај „плинот“. Лани на бензинските пумпи се продаваше за 29 денари, а сега се продава за 38 денари, или поскап за 31 отсто од лани.
Поскапувањето на горивата според Регулаторната комисија се должи на растот на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминативе 14 денови за 4,74%.
Comments are closed for this post.