Грција разгледува да понуди на богатите инвеститори бројни даночни ослободувања кои досега биле поимливи само за земјите кои инаку важат за „даночни раеви“.

Министерството за финансии на Грција ги испитува мотивите за пренесување на даночниот престој во Грција на физички лица и претпријатија во странство.

Грција моментално разгледува на кој модел да се угледа, така што размислуваат на италијанскиот, кој меѓу останатото овозможува фиксно годишно плаќање данок од 100 илјади евра на даночните обврзници, малтешкиот модел со 15 отсто данок, а го разгледуваат и кипарскиот модел, кој овозможува безцаринска продажба на акции и обврзници и неоданочен приход од дивиденти и камата.

Како што пренесуваат грчките медиуми, првите разговори веќе се направени со владата, а одлуката се очекува во октомври. Инаку Кипар и Малта спаѓаат во најдобри земји за исселување во поглед на (не)плаќање данок.

Во Малта не се плаќа данок на добивка стекнат во странство ниту на имот во странство. Исто така во оваа земја постои специфичен статус без постојан престој.

На Кипар на пример, кој ќе купи луксузни недвижнини за најмалку два милиони евра добива таканаречен „златен пасош“ без многу сослушување. Многу го користат како би станале граѓани на Европската унија.