Полицијата на Хонг Конг по тримесечните демонстрации првпат одлучи да ги забрани протестите што се закажани в сабота, со кои требаше да се одбележи 50-годишнината од пакетот изборни реформи кои ги предложи Пекинг.
Во образложението на полицијата се наведува дека протестот е забранет поради тоа што демонстрантите, набљудувачите, полицијаци и новинари за време на проетстите се здобиле со „сериозни повреди“.
Неколку часа откако беше објавена забраната, маскиран маж нападна член на Фронтот за граѓански и човекови права (ЦХРФ) и негов пријател додека ручале во ресторан.
ЦХРФ ги организираше еден од најголемите протести во Хонг Конг.
Comments are closed for this post.