По напуштањето на ЕУ, Брегзит, околу 600.000 Британци се изјасниле дека ќе се иселат од земјата, покажало истражувањето на Степстон. Како земја во која би живееле најмногу од испитаниците ја одбрале е Германија – дури 44 проценти кои се изјасниле оти се селат од Британија, рекле дека би живееле во Германија.

Како следни најпосакувани дестинации се Франција и Шпанија.

Анкетата е направена во јули и во неа учествувале 40.000 работници од Велика Британија, Ирска и од Германија. Анкетата е направена специјално за корисниците на Степстон.

Истражувањето го објавува Франкуртер алгемајне цајтунг, а фотографијата како илустрација на текстот најдобро зборува со какви очи уредништвото гледа на резултатите од анкетата.