Европската перспектива на земјите од Западен Балкан беше една од темите за кои разговараа на денешната средба во Берлин, германската канцеларка Ангела Меркел и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, jави дописничката на МИА од Атина.
На прес-конференцијата по средбата, Мицотакис го повтори неговиот став околу Договорот од Преспа.
Разговаравме за прашањата на Балканот. Канцеларката ги знае моите размислувања дека Договорот од Преспа е договор со сериозни мани, но мани кои можат да се ублажат преку целокупната политика на ЕУ кон Балканот, рече Мицотакис.
Меркел потврди дека станало збор за Балканот и за европерспективите на земјите од регионот.
Разговаравме за прашањата за проширување на Европската унија, односно пристапните преговори на Србија, Црна Гора, но и за иднината на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Мислам дека овде констатираме низа заеднички аспекти што се однесуваат на нашите билатерални односи и би можеле да имаме успех, рече Меркел.
Бегалското/мигрантското прашање и почитувањето на договорот ЕУ- Турција, инвестициите во енергетиката, заедничкиот план за зелен развој што ќе биде презентиран на почетокот на следната година и економијата, беа останатите теми за кои разговараа Меркел и Мицотакис на нивната средба во Берлин што траеше нешто повеќе од еден час.
Главната порака на Мицотакис до Меркел е: „За мене е многу важно да се промени грчката приказна во Германија.
Comments are closed for this post.