Премиерот на Албанија, Еди Рама, демантираше дека бил тајно на одмор во Грција нарекувајќи ги таквите вести лажни.
Рама изјави дека последен пат бил на одмор во Грција во 2013 година, а од тогаш летниот одор го поминува само во Албанија и притоа додаде дека истото им го предложил и на своите министри.
Тој ги нарече лажни вести објавените информации во грчките медиуми, кои за жал ги пренеле албански медиуми.
„Еден грчки медиум објави лажни вести, но зошто вие во Албанија тоа не го проверивте дали сум бил тајно на летување во Грција? Како премиер на Албанија последен пат сум одмарал во Грција во 2013 одина. Можеби ќе заминам таму во 2020 или подоцна. Сите одмори сум ги поминал во Албанија“, истакна Рама.
Comments are closed for this post.