Според косовската Агенција за статистика (КАС), увозот од Србија во Косово од минатогодишните 12,3 проценти во истиот седуммесечен период, годинава падна на само 0,7 проценти. Според професорот по економија Наим Гаши, овој пад на увозот од Србија, се должи на воведувањето на 100 проценти царини на стока увезена од Србија и Босна и Херцеговина.
Сепак, Косово се уште има негативен трговски биланс затоа што стоките што не се увезуваат од Србија не се заменети со домашни производи, туку се продолжува со увоз од други земји.
Во исто време, според КАС, и извозот и увозот забележале раст во јули годинава.
Според истите информации, трговскиот дефицит е зголемен за 5,3 проценти во јули 2019 година, во однос на истиот период во 2018 година.
Трговскиот дефицит во седумте месеци од 2018 година изнесуваше 281,4 милиони евра, додека во истиот период во 2019 година беше 296,3 милиони евра.
Извозот на стока во јули 2019 година изнесувал 40,4 милиони евра, додека увозот достигнал 336,8 милиони евра.
Извозот на Косово во земјите од ЕУ изнесуваше 13 милиони евра, или околу 32,2 проценти од вкупниот извоз, со пораст од 69,2 проценти. Главни партнери за извоз за ЕУ се Австрија (8,9 проценти), Германија (6,5 проценти), Холандија (четири проценти) и Велика Британија (два проценти).
Comments are closed for this post.