Нешто е труло во државата Данска, рекол Шекспир Кој можеше да поверува дека оваа здодевна скандинавска земја.ќе се најде во центарот на вниманието на светот откако американскиот претседател Доналд Трамп се изјасни дека сака да си го земе Гренланд кој е под данско владение., коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“.
Е зошто бе да не им го земе. Си може. Еве Данска сега може да се повикува на меѓународното право или пак на членот 5 од НАТО. Како се вели кармата е кучка. Данска беше меѓу првите земји што ја призна независноста на Косово. Еве сега Косово им дојде дома. Данска молчеше и кога ни го менуваа името и кога Македонија имаше пресуда од Хаг дека Грција бесправно го блокира приемот во НАТО. Така да ич не ги жалам. Уште велат дека ако Америка ја нападне Данска и го земе Гренланд тоа ќе било крај на НАТО. Солзи ми течат. Еве Данска може да го брани Гренланд со лего коцки.







Comments are closed for this post.