Осигурителните компании досега исплатите 217 милиони евра отштета за материјална штета во протестите на Жолтите елеци во Франција, најмногу кон трговците, стои во извештајот на францускиот сенат.
Според извештајот кој го пренесува „Ла Паресиен“, а кој е поднесен на Надворешно-политичкиот одбор на Сенатот, осигурителните компании исплатиле до крајот на мај 2017 милиони евра отштета за штета настаната во протестите кои започнаа кон средината на ноември минатата година.
Штетите од загубите од работењето кои го трпат трговците во центрите на градовите се проценува на просечно 30 отсто од прометот, а осигурителните компании тоа не го покриваат.
Работната група која го подготви извештајот смета дека француските власти треба да основаат национален фонд за надокнада на штетата.
Comments are closed for this post.