Во Франција денеска се очекуваат нови протести на „жолтите елеци“. Според оценката на француските медиуми, во протестите се очекува да учествуваат 3.700 лица, а 28.000 изразиле интерес за тоа.

Се очекува протести, освен во Париз, да бидат организирани и во Лил, Амиен, Каен, Рен, Нант, Бордо, Тулуз, Лион, Стразбур, Нанси…

Се соопштува дека овојпат неформалното движење на т.н. „жолти елеци“ повикува на блокирање на границите на Франција со Италија, Белгија, Шпанија и Германија. Во повикот се посочува да бидат пропуштани само автомобили, но не и камиони и други товарни возила.