Група бродови на поморските воени сили на САД, на чело со нуклеарниот носач на авиони USS John C. Stennis, навлегла во водите на Персискиот залив, соопшти агенцијата ТАСС.

Ова е прв ваков чин од страна на американската воена морнарица по повлекувањето на САД од нуклеарната спогодба со Иран во мај годинава. Носачот ќе биде присутен на Блискиот Исток два месеца, а поголем дел од времето ќе плови низ водите на Персискиот залив.

Агенциите соопштуваат дека по навлегувањето на носачот во водите на Заливот колу триесетина бродови на иранската револуционерна гарда се доближиле до него. Притоа истрелале и неколку предупредувачки ракети, а американските бродови биле следени и снимани со дронови.