Земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на јужниот брег на  Алјаска, соопшти Американскиот геофизички институт.

Локалните власти издадоа предупредување за појава на цунами.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 41 километар и на оддалеченост од 12 километри од Енкориџ, најголемиот град на најсеверната американска сојузна држава.

По силниот земјотрес уследил послаб потрес.

Нема информации за жртви, а причинета е значителна материјална штета.

На Алјаска годишно просечно има по 40.000 земјотреси, а поголемиот број од нив се силни.