Новиот украински претседател, Володимир Зеленски, одлучи да му го врати украинското државјанство на поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили.
Саакашвили до 2013 година беше претседател на Грузија, а две години подоцна беше именуван за гувернер на Одеса, престижен украински регион на брегот на Црното Море. Година и пол подоцна поднесе оставка на таа функција, обвинувајќи го тогашниот украински претседател Петро Порошенко за продлабочување на веќе вкоренетата корупција. По таа изјава му беше одземено државјанството на Украина.
„Се враќам дома“, објави Саакашвили на Фејсбук откако Зеленски му го врати државјанството. Саакашвили беше еден од поддржувачите на кампањата на Зеленски за претседател на Украина.
Дякую всім, хто підтримував мене весь цей час! Завтра повертаюся до себе додому в Київ!
Рейс №753 авіакомпанії LOT…
Posted by Mikheil Saakashvili on Tuesday, May 28, 2019
Comments are closed for this post.