Во бран торнада што погоди неколку сојузни држави во САД, загина едно, а повредени се повеќе од 130 лица. Како што соопштија метеоролошките служби, 55 тронада погодиле осум држави, од кои најсериозно било во Ајдахо, Индијана, Охајо, Колорадо и Пенсилванија.

Невремето најтешко го погоди градот Дејтон во Охајо, каде што се повредени најмалку 130 луѓе, а загина 82-годишне човек кога паркиран автомобил носен од воздушниот вртлог удрил во неговата куќа.

Дванаесет повредени има и во Канзас сити, каде што се оштетени поголем борј кучи, а прекинат е и сообраќајот на меѓународниот аеродром во градот.

Ваков бран од 50 или повеќе торнада не е невообичаена појава и се случил дури 64 пати во американската историја. Сепак, како што пренесува агенцијата АП, овој бран на силни ветрови  е посебен поради тоа што се случил на невообичаено географско подрачје.