Германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер, изјави дека миграцијата ја смета за извор на сите политички проблеми со коишто се соочува Германија. Во интервју за медиумот „Рајнише Пост“, со седиште во Дизелдорф, Зехофер појаснува дека прашањето за миграцијата е главната причина за рапидниот пораст на популарноста на крајно десничарската Алтернатива за Германија.
Поради своите негативни ставови кон прашањето за миграциската криза, Зехофер, кој е лидер на конзервативната партија Христијанска Социјална Унија, често доаѓа во судир со канцеларката Ангела Меркел, а неговата закана дека ќе почне да ги враќа мигрантите од границата, на почетокот на годинава речиси предизвика крах на германската влада.
Во интервјуто, Зехофер нагласува дека миграцијата е причина што многу луѓе во Германија се загрижени за својата социјална положба и предупредува дека решение за тој проблем треба да се најде на европско ниво преку урамнотежена распределба на мигрантите.
Comments are closed for this post.