Земјотрес со јачина од 6,7 степени по Рихтер, со епицентар во близина на престолнината Сапоро, исто така остави 2,95 милиони жители без струја, а предизвикал проблеми во железничкиот и авио сообраќајот.

Локалната полиција се уште не потврдува дека во градот Атсума пронајдени се пет лица без знаци на живот. Во градот неколку куќи се затрупани откако дошло до лизгање на земјиштето.

И нуклеарната централа Томари, која се наоѓа на островот остана без струја, но засега нема забележан пораст на радиокативноста. Пожар избил и во петрохемискиот комплекс Мурорану, но брзо бил изгасен. Откажани се 200 авионски летови, што директоно погоди околу 40.000 патници.

Јапонската метеоролошка агенција предупредува за појава на земјотреси со сличен интензитет до крајот на неделата. Ова е прв земјотрес од 1996-та година на островот Хокаидо, кој е посилен од шест единици по рихтер.