Светските државници веруваат дека Ангела Меркел крие дека е тешко болна па преку своите разузнувачки служби сакаат да дојдат до нејзиниот здравствен картон, пишува „Билд“. Неколку тајни служби сакаат да ѕирнат што има во досието на Канцеларката, но тоа оди тешко.

Сепак, тоа оди тешко бидејќи здравствнениот картон на Канцеларката го чува германската војска во добро обезбедена здравствена установа.

Здравствената состојба на сите политичари во Германија се смета за личен податок и строго чувана тајна. Поради тоа странските служби сакаат да имаат увид во картонот на Канцеларката – пишува „Билд“.