Германската Влада соопшти дека ја засилила контролата на границата со Франција по синоќешниот напад во Стразбур, но смета дека е променето нивото на закана во Германија.

Портпаролот на министерката за внатрешни работи, Елеонор Петерман, изјави дека нема причина божиќните пазари во Германија да не се посетуваат. Пред две години, божиќен пазар во Берлин беше мета на смртоносен напад.

Петерман и германското Министерство за правда соопштија дека властите немаат информации за поврзаноста меѓу осомничениот напаѓач, кој бил во германски затвор за грабеж, и исламски екстремисти.

Осомничениот, кој синоќа уби тројца и рани десетина лица, бил осуден во Германија во 2016 година и депортиран во Франција во 2017 година.

Но, Петерман рече дека му било оневозможено правото слободно да се движи во ЕУ.