Бритиш ервејз денес донел одлука да ги суспендира сите летови кон Каиро, Египет, заради безбедносни ризици.

Британскиот Форин офис вчера го дополни соопштението за безбедносните ризици при што го подигна нивото на закани од терористички напади во авијацијата во Каиро на многу високо, а денес тоа го следеше и Бритиш ервејз.

Сите летови се суспендирани во период од една недела.

Голем број патници денес реагираа на ваквата одлука која е донесена ненадејно.

За неа не се инофрмирани ниту властите на аеродромот во Каиро, изјавил портпарол на тоа воздушно пристаниште.

Британски „Ескпрес“ потсетува дека пред четири години руски авион беше соборен над Синај од поставена бомба во авионот. Притоа загинаа сите 224 патници, а одговорноста за терористичкиот напад ја презеде ИСИС.