Вулканот Етна на Сицилија, висок 3.300 метри повторно се активира што беше причина да се затворат два аеродроми во Италија.

Медиумите јавуваат дека на едната страна на планината може да се види лава во должина од 1,5 километри, поради што е евакуирано и населението од тоа подрачје.

Облакот од пепел предизвикан од ерупцијата се гледа од цела источна Сицилија. Видливоста е намaлена и поради тоа се затворени два аеродроми во Катанија. Последна голема ерупција на овој вулкан се случила пред 10 години.