Системот што треба да се бори против лажни вести погрешно ги идентификувал снимките и дополнително ги збуни гледачите, кои во прв момент помислиле дека се работи за нов терористички напад.

Додека милиони со неверување гледаа како пламените јазици ја голтаат историската катедрала Нотер Дам, оние кои ги гледаа снимките на Јутјуб доживеаа непријатно изненадување.

Јутјуб видеата објавени скоро по избувнувањето на пожарот ги означи како лажна вест и почна да прикажува снимкиод терористичкиот напад на САД во 2001 година.

Од видео сервисот појаснија дека се појавиле дополнителни информации и алгоритмите кои ги анализираат содржините на видео снимките процениле дека се работи за „лажни вести“. Откако тоа било забележано, рачно биле исклучени.