Четири деца загинале, а две други лица се тешко повредени во судир на воз и електричен велосипед за повеќе луѓе, што се случил на Југот на Холандија.

Несреќата се случила во утринските часови на пругата во градот Ос, стотина километри јужно од Амстердам, на премин во близина на тамошната железничка станица. На тој премин има предупредувачки светла, како и црвени и бели бариери за задржување на пешаците крај пругата додека минуваат возовите.


Според информации од полицијата, електричниот велосипед припаѓал на центар за дневна грижа за деца и во моментот на судирот ги пренесувал децата кон училиште.

Велосипедот за повеќе лица, пред возачот има голема дрвена или пластична кутија, која порано се употребуваше за превоз на производи. Овој вид на транспорт е многу популарен меѓу родителите во Холандија, коишто на тој начин ги превезуваат своите деца.