37-годишниот Гокмен Танис од Турција е напаѓачот кој уби тројца луѓе во холандскиот град Утрехт, кога пукаше во трамвај.

Полицијата откри дека Танис војувал во Чеченија и одржувал контакти со припадници на „Исламската држава“.

Тој важел за повлечен тип кој ретко се дружел со турската заедница во Холандија. Гокмен веќе имал кривична пријава за силување.