Набљудувачката мисија на Обединети нации за човекови права соопшти дека од почетокот на руската инвазија загинале 9.000 цивили, од кои 500 деца.

ОН стравуваат дека бројот на жртвите би можел да биде многу поголем.

Денеска одбележуваме уште една страшна пресвртница во војната, која продолжува да нанесува страшни жртви врз украинските цивили, посочи заменик-шефот на Мисијата на ОН во Украина, Ноел Калхун

Набљудувачката мисија на ОН за човекови права, што е во Украина од 2014 година, соопшти и дека минатата година убиени се трипати повеќе цивили во споредба со претходните осум години судири во источна Украина.