Шест лица, од кои пет тинејџери и една жена загинаа, додека 59 лица се повредени во стампедо кое се случило рано изутринава на концерт во диско клуб во мал град во Италија, во близина на Анкона, соопштила полицијата.
Меѓу загинатите се три девојчиња и две момчиња , како и една жена – мајка која била во придружба на ќерката во диско клубот во градот Короналдо, каде настаувал италијанскиот рапер Сфера Ебасте , популарен помеѓу тинејџерите.
Според првичните наводи на италијанската новинска агенција АНСА, човечкото стампедо било предизвикало откако некој од посетителите испрскал спреј сличен на солзавец.
Не се знае колку луѓе имало во дискотеката кога почнал метежот, каде се одржувал концерт на популарниот рапер Сфера Ебасте.
Comments are closed for this post.