Андрес Фелипе Ванегас Лондоњо, алијас Педро или попозната како Командантот Уриел, еден од водачите на герилското движење Национална ослободителна војска (ELN) е убиен во воена операција на северозападот на Колумбија, објави претседателот Иван Дуке Маркез.
Ова е инзвонредно тежок удар (за ELN) бидејќи падна една од најистакнатите фигури на оваа терористичка организација, криминалец кој ги користеше социјалните мрежи за да го оправда криминалот“, рече на прес-конференцијата претседателот Дуке во градот Квибо, во северозападната покраина Чоко каде што била изведена акцијата,
Смртта на 41-годишниот Андред Ванегас, кој бил третиот по ранг командант на Западниот фронт на ELN во покраината Чоко, според Дуке претставува голем удар за последната активна герила во Колумбија во текот на неговиот мандат кој започна во 2018 година.
Според колумбискиот претедател, Уриел бил одговорен за грабнувања, убиства и регрутирање малолетници во својата герила. Покрај тоа, обвинуван е и дека биле еден од организаторите на бомбашкиот напад врз полициската академија во Богота во јануари 2019 година, кога загинаа 22 луѓе, вклучително и напаѓачите. По тој напад претседателот Дуке ги прекина мировните преговори со ELN кои ги започна неговиот претходник Хуан Мануел Сантос.
Колумбискиот државен обвинител Франциско Барбоса изјави дека Командантот Уриел бил убиен во судир со силите на редот во општината Новита, во џунглата, во воената операција „Один“,
Уриел, многу активен на социјалните мрежи, беше меѓу медиумските најактивни лидери на ELN од помладата генерација. Организацијата настаната пред повеќе од педесет години главно ја водеа лица кои беа пострари од шеесет години.
Покраината Чоко во којашто дејствуваше Командантот Уриел, е сцена на тетироријален судир меѓу ELN и кланот Голфо, најголемата банда за криумчарење дроги во Колумбија, која произлезе од крајнот десната паравоена милиција демобилизирана во 2006 година.
ELN е последната активна бунтовничка група во Колумбнија, по мировните прегорови коишто завршија со разоружување на Колумбиската револуционерна вооружена војска (FARC), и има околу 2.300 борци и широка урбана мрежа од помагачи. Делува моментално во 12 отсто од 1.100 колумбиски општини, според сознанијата на независни истражувања, а колумбиските власти тврдат дека е присутна и во соседна Венецуела.
Comments are closed for this post.