Во болницата литванскиот град Клајпеда лекари породиле бебе со 4 промили алкохол во крвта, соопшти Спутник.

Медиумите посочуваат дека 35-годишната мајка при породувањето била мртва пијана.

Според лекарите, здравствената состојба на бебето е стабилна, но не можат да дадат прогноза, зашто ќе бидат потребни неколку недели за прочистување на неговиот организам од огромното количество алкохол.

Наталија Григориева, неонаталог во болницата, признава дека за прв пат во нејзината 40-годишна кариера се соочува со ваков случај.

Убаво женско бебе, тежи 2,5 килограми и изгледа нормално. Тешко е да се каже што ќе се случува понатаму, изјви таа.

Спутник нагласува дека дури и кај возрасните 2,5 промили алкохол во крвта значи тешка фаза на пијанство, а со 4 промили може да биде нарушена работата на срцето.