Ирска останува под строгите мерки против епидемијата на коронавирусот најмалку до 5-ти април, но училиштата полека ќе почне да се отвораат од март, изјави премиерот Микал Мартин.
Иако бројот на коронаинфекциите е во пад, бротанскиот сој на вирусот значително ја променил ситуацијата, неведе Мартин. Ирскиот премиер додаде дека британскиот сој е потврден во 90 отсто од новите зарази.
Вистината е дека значително ја променил динамиката и дека треба да бидеме многу претпазливи додека ги преземаме следните чекори, додаде ирскиот премиер Мартин.
Ирска влезе во 2021 година со остар пораст на заразите кои стручњаците првично го поврзуваа со привременото олабавување на рестриктивните мерки за време на божикните и новогодишните празници. Во моментов има помалку од 270 нови зарази на 100.000 жители.
Comments are closed for this post.